Македонија
29. January 2020 - 17:11

Тројца ревизори ќе го проверуваат делењето надоместоци во СЈО

Државните ревизори ќе ги чешлаат надоместоците што си ги делеле специјалните јавни обвинители и нивните соработници. Тим од тројца ревизори од први февруари ќе почне да ја презема документацијата на барање на Јавното обвинителство. Главниот државен ревизор вели дека ќе ги проверуваат само надоместоците, а не целото финансиско работење на специјалното обвинителство.

Кон крајот на минатата година јавноста дозна дека покрај платата обвинителите и соработниците во СЈО земале и бонуси за доверливост за тоа што го слушале во прислушуваните разговори. За четири години шефицата на СЈО зела 157.000 евра додаток на платата. Другите обвинители земале меѓу 70.000 и 100.000 евра.

Државнит обвинител Јовески тогаш рече дека на иста основа двапати се земало плата, со што се доаѓа до апсурдни случаи каде што, на пример, еден секретар има поголема плата од претседателот на државата. Тајноста на податоците, според него фрла дополнителен сомнеж за исплатите, а додатоците не смееле да бидат повисоки од 35% од основната плата на обвинителите.