-->
-->
Тројца повредени во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје - Тетово
-->
Тројца повредени во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје - Тетово.
Од СВР Тетово информираат дека возачот на Фолксвагенот се здобил со тешки телесни повреди и е префлен на Клиниката во Тетово. Возачот на товарното возило Форд и совозачот во Фолксвагенот исто така превентивно се префрлени на Клиниката во Тетово.
Сообраќајната несреќа се случила околу 18:15. Застој на патот има поради тоа што товарното возило пренесувало поликолор и од несреќата е истурен на коловозот.
На автопатот има колона од возила долга повеќе од 2 километри, а се чека повеќе од половина час. Застојот се случува во време кога граѓани од Тетово и Гостивар се враќаат од работа во Скопје.
Даниел Василев
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер