Балкан
16. October 2016 - 15:44

Тројца полицајци загинаа, а седум лица се повредени во турскиот град Газијантеп

Тројца полицајци загинаа, а седум лица се повредени денеска кога бомбаши самоубијци активирале експлозивни направи за време на полициската акција во турскиот град Газијантеп, во близина на границата со Сирија, изјави градоначалникот на Газијантеп, Али Јерликаја.

Според турските медиуми, станува збор за терористичка група „спијачи“.

Нападот бил извршен кога турски полициски сили придружувале возило во кое се наоѓале околу осум Сиријци. Полицијата потоа влегла во простор за кој се претпоставува дека е засолниште на џихадистичката Исламска држава, а „спијачите“ го активирале експлозивот кога сфатиле дека сигурно ќе бидат уапсени.