Loading Video...
Свет
10. March 2021 - 19:53

Тројца полицајци повредени на протестот во Атина против полициската бруталност

Тројца полицајци се повредени во судирите на синоќешниот протест во Атина против полициската бруталност. Демонстрантите ја гаѓаа полицијата со камења и молотови коктели, а полицијата одговори со солзавец и водени топови. 10 демонстранти се уапсени. Околу 5.000 лица учествуваа на протестот, организиран како реакција на видео снимката објавена на социјалните мрежи  во текот на викдентот на која грчки полицајци со палки тепаат еден млад човек во атинската населба Неа Смирни. Според полицијата тој ги игнорирал рестрикциите воведени заради ковид пандемијата. Бесот не води никаде. Самоконтролата и присебноста мора да преовладуваат. Насилството мора да престане, рече грчкиот премиер.

Црна Гора побара од Европската унија и НАТО итна помош во здравствени работници кои ќе им помогнат во борбата со коронавирусот. Нашиот здравствен систем е пред колапс. Потребни ни се лекари, техничари и друг медицински персонал се пожали министерот за надворешни работи Горѓе Радуловиќ. Во регионот, најлоша ковид слика има Црна Гора. Изминатите денови податоците за бројот на починати и новозаразени се алармантни. Претседателот Гукановиќ ја повика Владата да воведе најстроги рестрикции.

Премиерот на Тајланд избра необичен начин за да избегне да одговори на новинариско прашање. Наместо да одговори на прашањето за реконструкција на владата, премиерот реши новинарите да ги прска со спреј за дезинфекција, за време на преносот во живо од неговата прес конференција. Ова не е првпат Чан Оче да има контроверзни испади на прес конференции.