Свет
25. March 2016 - 8:58

Тројца од напаѓачите во Брисел биле на американски список на осомничени за тероризам

Американските власти имале информации и за третиот учесник во терористичките напади во Брисел, јави Скај њуз.

Според извори, мажот кој бил регистриран од камерите пред нападот во аеродромот,  бил на списокот на САД со осомничени терористи.

Дел од западните медиуми вчера јавија дека браќата Халид и Ибрахим Бакрауи кои извршија самоубиствен бомбашки напад во Брисел исто така биле одамна на списокот на американските власти со осомничени за тероризам.