Македонија
27. August 2020 - 13:16

Трoјца новозаболени лица од Ковид-19 во Кавадарци

Три нови случаи со Ковид-19 бележи Центарот за јавно здравје во Кавадарци, во изминатите 24 часа.

Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог, појасни дека станува збор за две жени и еден маж, на возраст од 45, 48 и 63 години.

Посочи дека заболените не знаат од каде се заразиле, имаат лесна клиничка слика и се на домашно лекување. Се утврдуваат нивните контакти, со цел нивна изолација.