Македонија
16. December 2019 - 11:52

Тројца млади тетовци фатени со марихуана

Ноќеска, 30 минути по полноќ на ул. „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Л.Р.(18), Х.З.(20) и Л.М.(20), тројцата од Тетово.

Кај нив, при преглед, е пронајдена марихуана.

Тројцата биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.