Тројца милитанти убиени во престрелка во индискиот дел на Кашмир
Тројца бунтовници, вклучувајќи го и нивниот лидер, се убиени во престрелка со кашмирските безбедносни сили кои се под контрола на Индија, соопшти полицијата, јави ДПА.
Заеднички индиско армиско-полициски тим изведувал операција на пребарување на теренот во областа Пулвама, откако добиле разузнавачки информации за присуство на милитанти во областа.
-Бунтовниците отворија оган врз безбедносниот тим, при што го натераа да реагира, изјави анонимен локален полицаец.
„Убиените милитанти беа идентификувани како кадри на Хизбул Муџахедин, најголема милитантна група што оперира во Кашмир.
Еден од нив, Јехангир Рафик Вани, според унифромата беше нивен регионален командант, додаде полицискиот офицер и додаде дека кај безбедносните сили нема повредени.
Оружје, муниција и гранати се пронајдени на местото каде се случи престрелката.
Припадниците на безбедносните сили се под голема опасност во Џама и Кашмир уште од моментот на укинувањето на нивниот специјален автономен статус, во август минатата година.
Во индискиот дел на Кашмир, уште од 80-тите години на минатиот век се води сепаратистичко востание во кое досега се убиени десетици илјади лица.
Индија постојано тврди дека Пакистан ги поддржува милитантите во Кашмир, обвинение кое Исламабад го негира, нарекувајќи ги борци за слобода, појаснува ДПА.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана