Македонија
9. December 2019 - 11:22

Тројца косовски државјани нападнати во Градски парк, приведени двајца скопјани за нападот

Вчера во Полициската станица Кисела Вода приведени се С.Љ.(21) и Д.М.(21), двајцата од Скопје, поради сомнение дека околу 15.10 часот во Градски парк кај езерцето,  физички ги нападнале Е.К.(24), Љ.К.(19) и М.Б.(18), сите од Косово.

Известен е Јавен обвинител.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.