Живот
8. October 2017 - 13:18

Трогателна човечка приказна: Овој дедо има срце колку целата Вселена, еве зошто

 

Дедото Дејвид Дојчмен стана ѕвезда на интернет откако е објавена неговата приказна за неговото волонтирање во една болница во Атланта.

Овој прекрасен човек секоја недела два пати доаѓа во болница за да ги носи, гали и чува прерано родентие бебиња чии родители не можат да бидат со нив.

Дејвид на бебињата им подарува огромно количество љубов и внимание, им зборува, им пее и сите во болницата се воодушевени од неговата истрајност постојано да доаѓа и да го прави истото без оглед што е во поодминати години.

-На луѓето им е чудно кога ќе им кажам дека два пати неделно ги носам децата, да, децата ме мочкаа и повраќаат. Ретко кој ги разбира, но јас обожавам да го правам тоа. Не ми треба награда ниту плата, тие дечиња се сами по себе богатство, вели овој дедо кој расплака многумина со својот гест.

Бебињата исто така се многу задоволни од третманот кој го добиваат од Дејвид, а лекарите велат дека за развој на предвреемно родените бебиња исклучително е важно да бидат држени, галени и пазени во тој чувствителен период од животот.