Македонија
28. September 2015 - 8:41

Тркалезна маса за улогата на Судскиот совет

Судии и претставници од правосудството денеска ќе учествуваат на  тркалезната маса „Улогата на Судскиот совет и највисоките судови во заштита на судиите од мешање во нивната независност“.

Предвидено е на тркалезната маса да се обратат Бранко Ушковски, претседател на Судскиот совет на Република Македонија, Лидија Неделкова, претседател на Врховниот суд, како и министерот за правда Аднан Јашари.

Тркалезната маса ќе се одржи во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев, во организација на Судскиот совет на Република Македонија.