Тркалезна маса „Водење бизнис со почит за човековите права“

Во Скопје денеска ќе се одржи тркалезна маса „Водење бизнис со почит за човековите права” во организација на Советот на Европа и со поддршка на „Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција”, програмска рамка за соработка на Европската Унија и Советот на Европа.
Настанот е дел од програмата на Делегацијата на ЕУ за прослава на 9 Мај - Денот на Европа.
На настанот најавени се обраќања на министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, шефот на програмската канцеларија на Советот на Европа, Моника Мартинез, националниот координатор за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција Магдалена Несторовска и државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Елена Грозданова.
Целта е да се развие свеста и да се олесни дијалогот за значењето на ангажирање на приватниот сектор и синдикатите во превенцијата и борбата против трговијата со луѓе, како и да се согледаат добрите практики.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
