Македонија
30. September 2016 - 20:28

Трите лица од УБК и едно од МВР денеска беа повикани да дадат исказ пред судот во Скопје

Специјалното јавно обвинителство бара изземање на судијата на претходна постапка кој го води предметот „Трезор“. Од Кривичен велат дека причините за ваквото барање СЈО ги навело на записник кој попладнево му бил предаден на судијата.

Претседателот на Основен суд Скопје 1  - Скопје во рок од три дена треба да одлучи по барањето за изземање на судијата, што е трето по ред барање за изземање на судии од страна на СЈО, што претставува преседан во постапување на јавно обвинителство бидејќи во досегашното работење на судот  не било поднесено ниту едно вакво барање од страна на останатите обвинителства. Со ова СЈО дополнително влијае на одолговлекување на постапките кои тие самите ги покренуваат до овој суд, се вели во соопштението на Кривичен. 

Четворицата осомничени во предметот Трезор попладнево беа повикани на распит. За едно од лицата Специјалното обвинителство побара мерка притвор, а за останатите три мерки на претпазливост. Од Кривичен попладнево информираа дека судијата на претходна постапка го одбил како неоснован предлогот за определување мерка притвор за едно лицата.