Трибина за перспективите на македонската економија по членството во ЕУ и НАТО
Трибина за перспективите на македонската економија преку членството во ЕУ и НАТО, организира денеска Стопанската комора на Македонија.
На трибината, премиерот Зоран Заев и претседателот на Комората Бранко Азески ќе иницираат дискусија не само за прашања поврзани со темата, туку и за последиците доколку Македонија не се движи во насока на исполнување на зацртаните цели.
- Усвојување и спроведување на европските стандарди, функционирање во рамки на единствениот пазар во Унијата, приливот на странски инвестиции, воспоставување долгорочни деловни партнерства со бизниси кои се дел од ЕУ и НАТО, се само дел од прашањата кои се од посебна важност и интерес од кои зависи идниот развој на македонското стопанство, а за кои е потребна поширока дискусија со претставниците на деловната заедница, наведува Стопанската комора во најавата за трибината.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар