Трибина за јакнење на координацијата меѓу телата за инспекција на затворите
Во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и Управата за извршување на санкции при Министерството за правда, денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Јакнење на координацијата помеѓу телата за внатрешен и надворешен инспекциски надзор над работата на затворите“.
Тркалезната маса е во рамки на проектот „Јакнење на капацитети на органите за спроведување на законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица“, што го имплементира Советот на Европа, а е финансиран од Европската унија.
Целта на тркалезната маса е да се унапреди меѓуинституционалната соработка, поточно координацијата помеѓу надлежните тела, да се посочат најдобрите практики, како и да се презентира судската пракса на ЕСЧП во врска со постапувањето со осудените лица и условите во казнено-поправните установи. Во рамки на собирот ќе биде презентиран и Прирачникот за вршење на инспекциски надзор над работата на затворите.
На тркалезната маса најавено е учество на судии од кривични оддели кои работат на извршување на санкции и претставници на релевантни институции. Воведни обраќања на тркалезната маса ќе имаат проектниот раководител од Програмскта канцеларија на Советот на Европа во Скопје, Петар Јорданоски, директорката на Управа за извршување на санкции Лидија Гаврилоска и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Анета Арнаудовска.
Излагања поврзани со темата на тркалезната маса ќе имаат судијата во Европскиот суд за човекови права, Мирјана Лазарова-Трајковска, в.д. претседателката на Апелацискиот суд Скопје, Љиљана Ивановска-Шопова, Елисавета Секуловска од Управата за извршување на санкции, експертот Аница Томшиќ – Стојковска, членот на Комитет за превенција од тортура при Совет на Европа, Ивона Тодоровска и поранешниот член на Комитет за превенција од тортура при Совет на Европа, Марио Феличе.
Ново на Сител
-
Во Софија средба на историчката комисија - Се разговарало за евентуални заеднички чествувања и дискусии за учебници
-
Тема на денот со Коце Трајановски, Директор на ЈП државни патишта
-
Одземени спорните записници од Судски, Мицкоски најавува десетици други акции
-
Обвинителството собира докази за Груби и Беџети
-
Евроабасадорот Рокас ги поддржува активностите за расчистување со корупцијата
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија