Loading Video...
Свет
10. March 2018 - 16:35

Три жени убиени во дом за ветерани во Калифорнија, напаѓачот мртов

Заложничката драма во домот за ветерани кои боледуваат од  посттрауматски стрес, во Јоунтвил во Калифорнија заврши со три убиени заложнички.

Напаѓачот 36 годишниот Алберт Вонг, исто така е најден мртов .Полицијата осум часа се обидуваше да преговара со напаѓачот кој дошол подготвен за опсада и носел панцирен штит на телото.

Тој влегол во објектот каде се одржувала забава по повод  заминувањето на еден од вработените. Жртви се три жени кои работеле во центарот.

Вонг,кој  бил ветеран и имал бројни одликувања,  посетувал програма за помош во центарот, но неодамна бил исфрлен.Полицијата соопшти дека сеуште не се знае  дали жртвите се избрани случајно, бидејќи не се знае  мотивот за нападот.

Центарот во Јоунтвил, во близина на Сан Франциско, е еден од најголемите  во САД и во него нега примаат над 1.000 воени ветерани.