Македонија
13. January 2017 - 13:45

Три возила опожарени на подрачјето на Скопје

Три возила се опожарени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Две возила се опожарени на булеварот „8-ми Септември“ од кои едното „голф 2“ било целосно изгорено, а второто „пасат“ сопственост на Н.Н. делумно опожарено. Настанот се случил во 22:50 часот, а увидот ќе се изврши во текот на денешниот ден.

Третото возило „опел вектра“ сопственост на 32-годишниот А.Р. било опожарено во 23:45 часот во селото Студеничани. Возилото било опожарено во предниот дел, а сопственикот не барал да се врши увид.