Ракомет
12. March 2018 - 13:45

Три вардарки во изборите на ЕХФ

 Вардар го победи Будуќност (30:25) во Подгорица и на првото место ја заврши главната групна фаза во Лигата на шампионките, а три од ракометарките на македонскиот шампион се најдоа во изборите на ЕХВ ТВ за најубави одбрани и голови.
 
Голманот Ина Суслина со двојната интервенција се најде на петтото место. ТОП 5 одбраните од 10. коло на ЛШ може да ги видите овде.
 
Александра Лакрабер го има третиот најубав гол на колото што може да се погледне на следниот линк.
 
Во изборот на ЕХФ место во трите ѕвезди обезбеди Андреа Пенезиќ (видео).
 
Вардар во четвртфиналето ќе игра со Митјиланд.