Македонија
12. May 2018 - 12:56

Три проститутки откриени во ноќен бар во центарот на Гостивар

Вчера во периодот од 23.30 до 00.00 часот полициски службеници од Полициската станица Гостивар извршиле акциска контрола во угостителски објект на ул. „ЈНА“ во Гостивар, сопственост на Е.А. од с.Лакавица.

Притоа, во во објектот биле затекнати две државјанки на Република Србија и една државјанка на Република Македонија.

Лицата биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Гостивар поради сомнение за злоупотреба на туристичкиот престој во Република Македонија, посредување во проституција и трговија со луѓе.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.