Свет
20. August 2015 - 8:38

Три нови случаи на силувања од мировници во ЦАР

Три млади жени во Централно-африканската Република (ЦАР) објавија дека биле силувани од мировници на ОН, соопшти портпаролка на светската организација. 

Таквите обвиненија доаѓаат една недела откако раководителот на мировната операција на ОН во земјата беше отпуштен поради серијата такви случаи.

Насилството било извршено во јужниот град Бамбари. Единствена држава што има мировници таму е Конго. 

ЦАР има десет дена да одлучи дали ќе спроведе истрага за случаите. Мировниците на ОН може да бидат судени само од властите во своите држави.