Македонија
3. May 2021 - 12:20

Три млади девојки повредени откако со возило излетале од патот во скопско Црешево

Вчера околу 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Црешево, скопско, К.П.(20) од Скопје, управувајќи патничко возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од патот, информираа од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Н.(19) од Скопје, додека со телесни повреди се здобила К.Д. и сопатничката Д.Т.(20), констатирани во Градската општа болница „СВ.Наум Охридски“. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР СКопје.