Loading Video...
Свет
29. July 2021 - 16:48

Три лица загинаа во пожарот во Анталија

Најмалку 3 лица загинаа а над 58 се повредени во пожарот во Манавгат  во турската покраина Анталија. Пожарот изби вчера попладне во шумата околу  туристичкиот град а поради силниот ветер брзо се проширил и зафатил неколку населби .Многу куќи и објекти се уништени. 

Утрово пожарот е ставен под контрола. Туристите  во Манавгат на социјалните мрежи  пишуваат дека  нивниот одмор се претворил во пекол.  Пожарникарите се обидуваат да стават под контрола уште три шумски пожари во Анаталија, која важи за популарна туристичка  дестинација во Турција.