Македонија
17. April 2021 - 12:07

Три лица се повредени во сообраќајна незгода помеѓу комбе и автобус

На 16.04.2021 во 04,29 часот било пријавено дека во с.Жван се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе “там“ со битолски регистарски ознаки управувано од Ф.Ш. од с.Вирово и автобус “мерцедес“ со битолски регистарски ознаки управувано од М.К.(56) од с.Сопотница.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото С.Ш.(81) од с.Вирово, а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник од истото возило Б.Н.(72) од с.Вирово констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Демир Хисар.