Свет
25. September 2020 - 12:55

Tри лица прободени со нож од непознат напаѓач во Париз

Tри лица утринава биле избодени со нож од непознат напаѓач во Париз, по што напаѓачот побегнал во метрото, јави дописникот на МИА.

Според префектурата на полицијата на Париз, силите на редот се наоѓаат на местото на нападот на булеварот Ришар Леноар во 11-от париски арондисман.

Засега нема подетални информации за напаѓачот кој побегнал по нападот со нож во метрото.