Македонија
2. December 2018 - 10:26

Три лица повредени во сообраќајката на патот Кичево-Охрид

Три лица с еповредени, од кои една жена потешко, во сообраќајната несреќа која вчера во 11.25 чaсот се случи на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај село Ново Село.

Во несреќата, како што информираат од МВР, учествувале патничко возило „Ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од К.Б.(77) од Република Албанија и товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(46) од Република Албанија.

-Притоа, со тешки телесни повреди се здобила К.П.(66) од Република Албанија, сопатничка во возилото „Ауди“, додека со телесни повреди се здобиле возачите на двете возила.  Тие биле пренесени во болницата во Охрид каде им била укажана лекарска помош, соопштуваат од полицијата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.