Македонија
8. January 2019 - 10:16

Три лица повредени во сообраќајка во скопско

Три лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која вчера во 12:30 часот била пријавена дека се случила на локалниот пат с.Морани-с.Орешани.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „Фиат пунто“ со скопски регистерски таблици, управувано од Д.К.(26) од од с.Зелениково-скопско, и „Фолксваген пасат“ со скопски регистерски таблици, управувано од В.T.(48) од Скопје.

- Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.К., а со телесни повреди се здобила  В.Т. и сопатничката од возилото “Фиат пунто“ А.С.(35) од Скопје, констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје.