Свет
26. јуни 2020 - 16:21

Три лица избодени до смрт во центарот на Глазгов

Три лица се избодени до смрт во центарот на Глазгов, јави Би-Би-Си. Според првичните информации на медиумот, полицијата најверојатно го убила напаѓачот.

Дел од локалните медиуми јавија дека и еден полицаец е тешко повреден.

На местото на инцидентот се вооружени полициски сили.

Полицијата соопшти дека ситуацијата во моментот е под контрола.