Три лица без сертификат затекнати во угостителски објект во Миравци
На 22.01.2022 во времето од 23.00 до 24.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле контрола во угостителски објект во село Миравци, гевгелиско и при контролата било констатирано дека во објектот од страна на правното и одговорно лице не биле почитувани донесените владини мерки за заштита од Ковид 19, односно, немало задолжителна проверка на влез на гостите од страна на одредено одговорно лице - редар, вработените во угостителскиот објект кои послужувале гости не носеле заштитни маски, немало задолжително поставено дезинфекциски средства, а во објектот биле затекнати и тројца гости кои не поседувале сертификати.
Известен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по чл. 206 од КЗ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација