Македонија
25. August 2019 - 14:54

Три килограми марихуана и кокаин пронадени кај двајца скопјани во Лагадин

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.Г.(34) и А.В.(39), двајцата од Скопје, осомничени за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 13. месецов во населба Лагадин во Охрид“, соопшти денеска МВР, полициски службеници извршиле преглед на патнички возила сопственост на пријавените и апартман во кој престојувале, при што пронашле и одзеле околу три килограми марихуана и кокаин.