Балкан
29. May 2016 - 18:40

Три дена пред смртта на Аркан: Жена се јавила во емисија и го претскажала убиство!

Жељко Ражњатовиќ Аркан, заедно со неговата сопруга Цеца гостувал во познатата емисија „Минимаксивизија“, пишува Espreso.rs.
 
По тој повод, гледачите на пејачката и поставувале различни прашања, а една жена ја посоветувала да го чува Жељко.
- Не грижете се, го чувам одлично, - одговорила Цеца.
 
Целата иронија е во тоа дека Жељко е убиен само три дена после оваа емисија.
 
За потсетување Жељко Ражњатовиќ Аркан е убиен на 15 јануари 2000 година во холот на белградскиот хотел „Интерконтинентал“.
 
Оваа ситуација можете да ја погледнете на снимката во 12:27 минута.