Свет
12. October 2018 - 11:43

Тргнале во шопинг, ги вратија во ковчези: 7 мртви и 15 повредени при уривање на дивоизграден трговски центар во Мексико

Најмалку седум лица загинаа и 15 се повредени кога се урна трговски центар во изградба во мексиканскиот град Монтереј, соопштија денеска официјални лица.

Како што се наведува, под урнатините се најмалку уште девет лица кои се водат како исчезнати и за нив трагаат околу 150 спасувачи.

Работите на трикатната зграда во главниот град на сојузната држава Нов Леон се изведувале без неопходните дозволи, соопштија официјалните лица.