Свет
20. April 2017 - 8:53

Трета жртва на протестите во Венецуела

Билансот на жртвите од протестите во Венецуела достигна три лица, откако вчера 18-годишно момче беше засгрелано од страна на провладини паравоени формации.

Според изјавите на луѓе кои тврдат дека го однеле момчето во болница, тоа тргнало да игра фудбал со своите пријатели, но било пресретнато од припадници на провладините паравоени формации кои ги опколиле демонстрантите.

Засега нема потврда дека паравоените формации го застрелале момчето, а претставници на власта изразија сомнеж околу ваквите тврдења за неговата смрт, објаснувајќи дека тоа било убиено при обид за напад.

Во градот Сан Кристобал, пак, 23-годишна девојка била застрелана од слични групи, изјави градоналачникот Патрисија Гутиерес, додавајќи дека напаѓачите биле на мотоцикли и ги опколиле демонстраните додека се собирале.

Припадник на Националната гарда е убиен од снајперист за време на „насилните протести“ во државата Миранда, а еден полковник е повреден, напиша на Твитер омбудсманот Тарек Сааб.

Повеќе од 400 луѓе се уапсени на вчерашните протести во Венецуела, а според некои локални медиуми повредени се најмалку 42 лица. Опозицискиот лидер Енрике Каприлес изјави дека денеска повторно ќе има протести.