Трет смртен случај и 10 новозаразени лица со коронавирус во Прилеп
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина маж на 66 годишна возраст, што е трет смртен случај како последица на коронавирусот во Прилеп.
Денеска се регистрирани 10 новозаразени со што вкупниот број на инфицирани лица во Прилеп е 85, информираат од прилепската локална самоуправа.
Во самоизолација се наоѓаат 373 лица, а во изминатите 24 часа сите ја почитувале оваа мерка.
На Инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани вкупно 15 лица. Од нив, 12 се позитивни на коронавирус, од кои две лица се со потешка клиничка слика и со кислородна поддршка. Тројца пациенти се сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултатите. Сите тројца се со средна клиничка слика.
Во текот на изминатото деноноќие, едно лице не го почитувал полицискиот час, за што ќе му биде поднесена соодветна пријава.
И денеска 15-ина припадници на Армијата се распределени пред експозитурите на банките, маркетите за зачувување на редот и почитувањето на препораките за заштита од Ковид-19.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност