Македонија
17. September 2020 - 21:16

Трет протест против поскапување на струјата организиран од ВМРО-ДПМНЕ

И по трет пат против одлуката за поскапувањето на струјата. Организиран од ВМРО ДПМНЕ, граѓаните кои го поддржуваат протестот попладнево се собраа на појдовната точка – салата Борис Трајковски. Преку автомобилските свирки го најавија пристигнувањето на крајната цел, Регулаторната комисија за енергетика.

На протестот присутни дел од раководството на партијата. Побараа оставки од членовите на ова тело кое ја донесе одлуката за поскапи сметки, а најавија и институционална битка.

“ВМРО-ДПМНЕ ќе побара Надзорна расправа во Комисија за финансирање и буџет во Собранието за поскапување на цената на електрична енергија во услови на економска криза. На оваа надзорна расправа ќе побараме да се разгледа начинот на работа на Регулаторната комисија за Енергетика, но и начинот на кој се носат ваквите штетни одлуки по стандардот на граѓаните.

Протестот следуваше откако Регулаторна ги одби барањата на најголемата опозициска партија. Нејзиниот претседател протестите ги оцени како пристисоци за кои ги информирал и европските институции.

Реакција на денешниот протест стигна и од СДСМ, од каде посочуваат дека токму во времето на ВМРО ДПМНЕ струјата е значително поскапена, а со доаѓањето на СДСМ, просечното македонско домаќинство заштедува над 300 денари месечно само со враќање на евтината тарифа.