Македонија
22. April 2020 - 17:00

Трет ден по ред повеќе излекувани од новозаразени со Ковид-19, едно лице почина

48 излекувани пациенти, 28 новозаразени и еден починат. Ваква е состојбата со коронавирусот во Македонија изминатите 24 часа. Најголем дел од оздравените пациенти биле на домашно лекување, а само 6 лежеле во болница.

Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Скопје на 51 година. Две недели бил на респиратор.

Најмногу новозаразени изминатото деноноќие има во Скопје 11 и Прилеп 9. Прв случај е регистриран и во Валандово. Направени се 660 теста.

Досега со Ковид-19 дијагностицирани се 1259, од нив 56 лица починаа, а 272 –ца го победија вирусот.

Во моментот на болничко лекување има 118 пациенти, 8 од нив се во критична состојба и приклучени се на респиратор.