Свет
4. August 2016 - 13:51

Трчаше како луд со ножот во рака и убиваше луѓе, имаше крв насекаде

Деветнаесетгодишно момче со нож напаѓаше луѓе во центарот на Лондон. Уби жена стара околу 60 години и рани уште петмина. Состојбата на ранетите сеуште не е позната. Скотланд Јард не ја исклучува можноста од терористички напад, но велат дека се работи за напаѓач кој имал психички проблеми.

Полицијата примила повик во средата околу 22:30 часот. Момчето со нож удирало луѓе во грб, тело, раце. Луѓето викале, а насекаде имало крв. Момчето е уапсено. Се наоѓа во болница каде го чуваат полицајци. Жената умрела на лице место, а две жени и тројца мажи звршиле во болница.

- Трчаше како луд со ножот во рака и убиваше луѓе, изјави сведок на настанот.

На терен е испратена и антитерористичка единица. Градоначалникот на Лондон Садик Кан ја повика јавноста да остане смирена и да и дозволи на полицијата да истражи што всушност се случило. Имено, во Лондон се стравува дека напаѓачот не делувал сам, а некои сведоци изјавиле дека виделе уште еден напаѓач, но полицијата тоа официјално не го потврдила.

Многу жители на Лондон овој напад ги потсети на терористичкиот напад на 7.7.2005 година, кој се случи на истото подрачје. Тоа за Велика Британија беше еден од најстрашните денови, во страшен напад смртно настрадаа 52 лица.