Македонија
15. February 2018 - 10:59

„Трансверзалец“ се огласи за трагедијата во која згаснаа млади животи

Планинарскиот кулб „Трансверзалец“ изрази сочувство за загинатите планинари и објави дека доставиле информации до надлежните институции и дека утре ќе клубот ќе има изјава за медиуми.

- „Со жалење и неизмерна тага изразуваме сочувство за прерано изгубените животи . Тие беа дел од нашата заедница и клубот и ќе им недостасуваат на сите членови и планинари. Уште еднаш искрено сочувство до нивните семејства и блиски. Двајцата другари и колеги планинари ќе ни недостасуваат бескрајно и секогаш ќе се сеќаваме на убавите спомени од сите наши заеднички акции. Почивајте во мир другари“, објави „Трансверзалец“ синоќа на Фејсбук.