Фудбал
15. January 2016 - 19:40

Tрансфер-суспензијата на Реал е поради Зидан!

Потпишувањето на договори со малолетници е причината што ФИФА ги казни Реал и Атлетико Мадрид со забрана на трансфери во зимскиот и летниот преоден рок. 

За кралскиот клуб кој најави жалба одлуката е апсурдна бидејќи се обвинети дека направиле илегални трансфери со синовите на Зинедин Зидан долгогодишниот член на клубот, директор и сега актуелен шеф на стручниот штаб. 
Четирите сина Енцо, Лука, Тео и Елијаз Зидан играат во младинските категории на Реал и се сметаат за големи таленти. 
Енцо игра во резервниот тим , во Кастиља каде до неодамна Зидан му беше и тренер. Лука важи за извонредно талентиран голман и токму тој е посочен како пример на илегален трансфер иако во Реал е од 6. година кога и неговиот татко играше во мадридскиот тим.