Свет
28. јуни 2019 - 12:15

Трамп за Иран: Без брзање

Американскиот претседател Доналд Трамп пред почетокот на Самитот на Г-20 во Осака изјави дека „нема потреба од брзање во решавање на тензиите помеѓу САД и Иран.

– Имаме многу време. Без брзање, истакна Трамп.

Тој изрази надеж дека ќе се поправи ситуацијата помеѓу Вашингтон и Техеран.

– Ако работата се реши дотолку подобро. Ако не, ќе слушнете, посочи Трамп.

Тој пред два дена зборуваше за можноста од кратка војна против Иран, на што шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф на Твитер одговори дека идејата за кратка војна против Иран е „илузија“ и оти американскиот претседател „му се заканува на мирот“.