Свет
24. January 2017 - 8:29

Трамп во Пентагон ќе разговара за ИД

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска ќе го посети Пентагон каде ќе разговара за можна ревизија на борбата против Исламска држава.

Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер синоќа најави дека Трамп ќе присуствува на церемонијата на новиот шеф на Пентагон Џејмс Матис, а потоа ќе разговара за ИД.

САД има речиси 5.000 војници кои учествуваат во борбата против ИД во Ирак, како ни специјални сили во Ирак и во Сирија.