Свет
9. December 2020 - 11:09

Трамп: Вакцината против коронавирус прво на Американците

Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се осигура дека вакцината против коронавирус најпрво ќе ја добијат Американците, а дури потоа е можно да се дистрибуира во други земји.

„Потпишав извршна наредба за да осигурам дека американските граѓани се приоритет во примањето на американската вакцина. „Потоа, ќе соработуваме со други земји ширум светот“, рече Трамп.

Трамп истакна дека секој Американец што сака да се вакцинира ќе ја добие вакцината.

Тој додаде дека извозот на вакцини ќе започне скоро веднаш затоа што, како што наведе, пристигнуваат неколку милиони дози.

Трамп неодамна изјави дека вакцината најпрво ќе му биде дадена на најзагрозениот дел од популацијата, додека за останатата популација ќе биде достапна до април.