Свет
7. July 2017 - 11:48

Трамп: Со нетрпение ја очекувам средбата со Путин

Претседателот на САД, Доналд Трамп на Твитер објави дека „со нетрпение ги очекува“ денешните средби со светските лидери, меѓу кои и онаа со неговиот руски колега Владимир Путин.

- Со нетрпение ги очекувам денешните средби со светските лидери, имајќи ја предвид и мојата средба со Владимир Путин. Имаме многу за што да разговараме, вели Трамп во објавата.

Се очекува на разговорите Трамп-Путин да стане збор за Сирија, Иран, Украина, како и за последните настани околу состојбите на Корејскиот Полуостров.