Свет
16. July 2018 - 12:07

Трамп шокираше пред состанокот со Путин: И да ми ја подари Москва, тоа би било малку!

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека со нетрпение го чека состанокот со претседстелот на Русија Владимир Путин, иако е свесен дека каков и да биде резултатот тој нема да ги задоволи противниците. 
 
- Тргам за Хелсинки, со нетрпение го очекувам состанокот со претседателот Путин. За жал, што и да направам на самитот, дури и да ми го предадат  Москва како замена за сите гревови и зло кое Русија го направила во изминатите години , кога ќе се вратам ќе бидам дочекан со критика и дека тоа е недоволно и дека би требало да го добијам уште и Санкт Петербург, напишал Трамп.