Свет
9. May 2019 - 21:07

Трамп: Северна Кореја не е подготвена за продолжување на преговорите

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Вашингтон многу сериозно гледа на денешното најново лансирање ракети во Северна Кореја и оти, иако Пјонгјанг сака да преговара со САД, тој мисли дека не се подготвени за тоа.

– Моментално многу сериозно се занимаваме со ова. Тоа беа помали проектили, ракети со краток дострел, рече Трамп пред новинарите во Белата куќа.

Тој додаде и дека никој не е среќен поради развојот на ситуацијата и оти добро ќе проучи се и ќе одлучи за понатамошни потези.

– Нашите односи продолжуваат… Знам дека сакаат да преговараат, тие зборуваат за преговарање. Но не мислам дека моментално се подготвени за продолжување на преговорите, порача Трамп.