Свет
3. January 2018 - 8:13

Трамп се закани со прекин на финансиската помош за Палестинците

 Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека мировниот процес на Блискиот Исток е во ќор-сокак и се закани дека ќе за запре финансиската помош за Палестинците. 

- Им плаќаме на Палестинците стотици милиони долари годишно и не добиваме ниту благодарност, ниту почит. Тие дури не ни сакаат да преговараат за премногу одложениот мировен договор со Израел. Ние го „повлековме Ерусалим од масата“ - нејтешкиот дел од преговорите и поради тоа Израел ќе треба да плати повеќе. Но, бидејќи Палестинците не сакаат да преговараат за мир, зошто воопшти во иднина да правиме такви големи исплати, напиша Трамп на неговиот Твитер налог.

Претседателот на САД во неколку наврати изрази подготвеност за преговори за мир на Блискиот Исток, со цел постигнување конечен договор меѓу Израел и Палестинците.

Трамп предизвика бурни реакции во арапските и муслиманските земји откако го призна Ерусалим за главен град на Израел.