Трамп: САД можеби нема да бранат некои членки на НАТО од Русија
Кандидатот на републиканците за американски претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека под негово водство постои можност САД да не застанат во одбрана на одредени членки на НАТО, доколку бидат нападнати од Русија.
Трамп истакна дека ќе донесе одлука дали да се заштитат балтичките републики од „руската агресија“, врз основа на тоа дали тие земји „ги исполниле своите обврски“ кон САД.
Тој ова го изјави синоќа во интервју за „Њујорк тајмс“, ден пред и официјално да ја прифати номинацијата за претседателските избори.
Трамп нагласи дека нема да ја критикува Турција поради акцијата против политичките противници и ограничувањето на граѓанските слободи по минатонеделниот неуспех на воениот пуч.
За турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека „му оддава признание што успеал да направи ваков пресврт“ - Некои луѓе мислат дека пучот е исцениран, знаете за тоа. Тоа не е мое мислење, рече Трамп.
- САД немаат право да и држат лекции на Турција и на други земји кога луѓето ладнокрво пукаат врз полицајци, порача Трамп.
Тој говореше и за распоредувањето на американски сили во странство, но повеќе од економска гледна точка, како некој кој со децении е во бизнисот, а нема искуство во политиката.
Трамп напомена дека можеби нема да биде потребно распоредување на американски сили во странство.
- Доколку одлучиме дека мораме да ги браниме САД секогаш можеме да ги распоредиме американските сили, а тоа би било многу поевтино, рече кандидатот на републиканците.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари