Трамп: Постојат шанси за мир меѓу Израел и Палестинците
Американскиот преседател Доналд Трамп денеска изрази уверување дека постојат вистински шанси за постигнување мир меѓу Израел и Палестинците.
- Мирот меѓу Палестинците и Израел би бил фантастично оставрување и ние работиме на тоа со сите сили. Сметам дека има добри шанси тоа да се оствари, изјави Трамп на средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Њујорк.
Трамп нагласи дека повеќето луѓе веројатно би кажале дека е невозможно постигнување на договор меѓу Израел и Палестинците.
- Но, според мене тоа е возможно, затоа што Израел сака тоа да се случи. Мислам дека и Палестинците го сакаат истото, а можам да ве уверам дека Администрацијата на Трамп сака да го види тоа и ќе работи упорно на негово остварување. Ќе видиме што ќе се случи, додаде американскиот претседател,
Трамп и Нетанјаху изразија задоволство од „цврстиот сојуз“ меѓу нивните две земји и изразија надеж дека е можно да им се даде поттик на израелско-палестинските мировни преговори.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација