Свет
18. July 2017 - 9:36

Трамп побара од Конгресот укинување на „Обамакер“

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од републиканците во Конгресот да го укиант законот „Обамакер“ и да почнат да работат на нов закон, кој би бил поддржан од демократите.

Откако сенаторите републиканци се изјаснија против предлог-законот што требаше да го смени „Обамакер“, Трамп напиша на Твитер: „Републиканците едноставно треба да го УКИНАТ неуспешниот Обамакер сега и да почнат да работат по нов план за здравството. Деократите ќе се приклучат!“.

Но, демократите соопштија дека нема да поддржат предлог-закон на републиканците и оти се подготвени да работат на подобрување на Обамекер.