Свет
14. January 2017 - 16:35

Трамп планира да ги остави во сила санкциите против Русија

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп има намера, во прво време по преземањето на функцијата, да ги остави во сила санкциите против Русија, воведени од владата на Барак Обама, најави во интервју за „Волстрит џурнал“.

Трамп изјави дека може да ги укине санкциите воведени кон крајот на декември како одговор на наводните руски сајбер напади, ако Москва докаже дека е корисна во борбата против тероризмот и постигнување на други цели, важни за Вашингтон.

Тој рече дека е подготвен да се состане со рускиот претседател Владимир Путин, откако ќе стапи на должност на 20 јануари.