Свет
30. November 2017 - 20:29

Трамп одби да ги коментира тврдењата за смена на Тилерсон

Американскиот претседател Доналд Трамп одби да ги коментира денешните тврдења на „Њујорк Тајм“ дека се подготвува да го смени државниот секретар Рекс Тилерсон.

- Тој е тука, Рекс е тука, одговори кусо Трамп, по состанокот со принцот од Бахреин во Вашингтон.

 	Трамп-Тилерсон.

Според „Њујорк тајмс", Белата куќа се подготвува да го замени Тилерсон со актуелниот директор на ЦИА, Мајк Помпео.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс исто така одби да ги коментира наводите на американскиот весник.

- Нема соопштенија во оваа фаза. Тилерсон продолжува да го води Стејт департментот, а целата влада (на САД) е фокусирана на крајот на оваа неверојатно успешна прва година на владеењето на Трамп, рече Сандерс.

Стејт департмент.jpg

Сенаторот Боб Коркер, по разговор со Тилерсон, изјави дека државниот секретар не знае за плановите за негово сменување. 

- Тој се занимава со неговите секојдневни обврски и не знае ништо за некакви промени, изјави Коркер, кој е претседател на Комитетот за надворешни работи на Сенатот.